СДСМ: Уште милион прашања да постават, одговорот е ист, ВМРО-ДПМНЕ ги кратеше пензиите, ги осиромашуваше граѓаните, државата ја водеше во неповрат

Од:

„Уште милион прашања да постават од белиот дворец, одговорот е секогаш ист, ВМРО-ДПМНЕ ги кратеше пензиите, ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја водеше во неповрат“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДМПНЕ може да постави и уште милион прашања до Царовска и до Владата предводена од СДСМ. Одговорот на сите ќе биде ист:

ВМРО-ДПМНЕ цела деценија ја водеше државата во неповрат.

ВМРО-ДПМНЕ им ги кратеше пензиите на пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ сееше и продолжува да се сее страв со бегалците

ВМРО-ДПМНЕ ги остави со децении вработените на минималец од 9.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ дозволи да се врзуваат деца за радиjатори во гломазните институции

ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години ги оставаше најранливите во систем за социјална заштита, давајќи им само трошки.

ВМРО-ДПМНЕ заборави на градинките, воспитувачите и негователките. За децата се грижеше нестручен кадар кој со години работеше за минималец

ВМРО-ДПМНЕ ги политизираше и продолжува да ги политизира институциите вршејќи притисоци врз администрацијата попречувајќчи ги процесите и реформите кои носат само добро на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана извор на непознавање на основни и суштински работи. Како што е непознавање на професијата социолог и социјален работник.

Одговорот на прашањата го знаат граѓаните. На 12 април тие ќе одберат опција за одење кон подобро и напред, а не за враќање назад во неповрат“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство