Избори во САД 2020: Кои демократи ќе се борат против Трамп за функцијата претседател?

Од:

Процесот за импичмент на Доналд Трамп е при самиот крај без големи очекувања од судскиот процес поради немање на докази, а претседателските избори во САД  се на прагот.

Дознајте ги сите кандидати од Демократската партија кои ќе се борат против актуелниот претседател Доналд Трамп на следните претседателски избори во 2020 година.

Џо Бајден

  • Има 77 години
  • Потпретседател на САД, во времето на Барак Обама
  • Искусен политичар кој служел како сенатор од Делавер повеќе од три децении пред да стане заменик претседател на Обама
  • Негова цел: Да ја возобнови средната класа, да инвестира во федералната инфраструктура и да ги направи партиципациите на државните универзитети бесплатни.

Елизабет Ворен 

  • Има 70 години
  • Прогресивна сенаторка од Масачусец која била професор по правни науки пред да влезе во политика.
  • Нејзината цел е: Да го воведе данокот на богатство, се залага за правото на абортус и реформи во здравството како и криминализирање на корпоративната небрежност.

Берни Сандерс 

  • Има 78 години
  • Сенатор на државата Вермонт и познат како „Демократски социјалист“ кој дојде најблиску до номинациите во 2016 година, но загуби од Хилари Клинтон
  • Популарен помеѓу социјалистите  и младите во САД
  • Неговата цел е: Здравствена заштита за сите граѓани, зголемување на даноците на најбогатите и зголемување на минималната плата.

Пит Бутиджич

  • Има 38 години
  • Поранешен градоначалник на Јужен Бенд, воен ветеран и единствениот кандидат што се декларира како геј.
  • Негови цели се: Политички реформи, признавање на правата на ЛГБТ заедницата и намалување на училишните заеми.

Покрај овие кандидати има уште седум претставници од Демократската партија кои ќе трчаат за номинација, но нивната популарност е многу ниска.

 

Би можело да ве интересира

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

A1on

Америка: Демократите одлучија да ја одржат изборната конвенција во 2024 година во Чикаго

Републиканците на пат да го преземат Конгресот, жестока борба за превласт во Сенатот

А1он

Довербата во демократите намaлена неколку недели пред конгресните избори во САД

А1он