Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска имаше работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, на која, како што информираат од МТСП, се потврдила партнерската соработка воспоставена децении наназад во интерес на создавање услуги за најранливите категории на граѓани и на повозрасните лица.
-Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица. Изминатите неколку години Министерството и Црвениот крст отворија пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. Министерството за труд и социјална политика обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината, информираат од МТСП.
Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст успешно соработуваат во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, како и поддршка во обезбедување дневни услуги за лица со интелектуална попреченост.
На средбата било потенцирано дека заедничката успешна сработка ќе продолжи и во иднина со цел поддршка и помош на најранливите граѓани на нашето општество.