Коронавирусот „збриша“ 420 милијарди долари од вредноста на акциите на берзите во Кина

Од:

Кина се обиде да се врати во секојдневието по продолжените новогодишни празници, но стравот од неизвесноста од ширењето на новиот коронавирус тешко ги погоди берзите каде акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс.

Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника, јавија западни медиуми.

Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Покрај тоа, властите објавија дека сите основни производи ќе бидат загарантирани и дистрибуирани преку централна мрежа за контрола на тие производи. Со преземање активности надвор од производството на овие производи им беше дозволено на фирмите да ги продолжат слободните денови во име на здравствената сигурност.

Бројот на починати во Кина во епидемијата на новиот коронавирусот до вчера нарасна на 362. Во Кина се регистрирани вкупно 17.205 заболени.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија