Ѓоковиќ: Во иднина повеќе ќе му се посветам на семејството

Од:

Осумкратниот шампион на Австралија опен и 17-кратниот  шампион на Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, изјави дека се додека игра професионално не може целосно да ужива во успесите. Србинот денес во финалето на Грен слемот во Мелбурн го победи Доминик Тим.

– Кога после мечот ме прашаа како се чувствувам, одговорив дека сега сум неверојатно уморен. Месецот во Австралија беше многу успешен, но долг. Веројатно, нема да можам да ги разберам моите достигнувања, особено „Грен слемовите“, сè додека не ја завршам кариерата. Сезоната на тенисот е интензивна, особено ако се обидете да ја играте целосно, а јас го правам ова многу години. Ова не дозволува да се одрази, да уживате во успехот по „Грен слем“. За неколку недели ќе играм на нов турнир во друг дел од светот, изјави српскиот тенисер.

Тој најави дека во иднина ќе му се посвети многу повеќе на семејството.

– Не ме сфаќајте погрешно, јас не ја земам победата здраво за готово. Јас сум многу среќен и благодарен. Но, во исто време, не можам да ги почувствувам сите емоции сè додека немам време и да се релаксирам со семејството. Во иднина ќе биде можно да се посветам многу повеќе на семејството, додаде Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска