Претседателот Иванов се сретна со делегација на руската Дума

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше средба со  членовите на делегацијата на Државната Дума на Руската Федерација.

На средбата, како што информира кабинетот на македонскиот претседател, е констатирано дека добрите односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација и меѓу парламентите на двете земји, позитивно се одразуваат врз севкупната соработка.

Иванов истакнал дека Македонија придава особено значење на јакнењето и унапредувањето на пријателските односи со Русија и изрази задоволство од  континуираниот политички дијалог и интензивираните посети и контакти на сите нивоа во изминатиов период.

Претседателот Иванов ја поздравил взаемната парламентарната соработка и бил информиран за можностите за нејзино продлабочување, како и за можностите за склучување на нови билатерални спогодби, со цел унапредување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

Во тој контекст е посочена потребата од унапредување на економската соработка, особено во областа на енергетиката и инвестициската активност.  Македонскиот претседател го поздравил зголемениот интерес на руските инвеститори за Македонија и го потенцирал  значењето од вклучувањето на земјата во гасоводот „Јужен тек”, што ќе придонесе за уште поголемо придвижување на билатералната економска соработка, како и за долгорочна енергетска стабилност на Македонија.

Во пресрет на одбележувањето на 20 годишнината од воспоставените дипломатски односи, беа разгледани можностите за размена на посети на македонскиот претседател на Руската Федерација или на рускиот претседател на Република Македонија. Притоа, претседателот Иванов ја реафирмираше отворената покана до претседателот на Руската Федерација за посета на Република Македонија.

Пратениците од Државната Дума истакнале дека Руската Федерација е подготвена за продлабочување на соработката со Република Македонија. Воедно, изразиле интерес за зголемување на парламентарната соработка и оцениле дека со оглед на традиционално добрите врски, на двете земји им претстои добра перспектива и соработка во сите области.

На средбата претседателот Иванов изразил задоволство од принципиелниот став на Руската Федерација во однос на употребата на нашето уставно име. Во насока на зајакнување на билатералните односи, се разгледани и можностите за реципроцитет на визните олеснувања кои важат за граѓаните на Руската Федерација.

Пратениците од Државната Дума, воедно упатиле покана до претседателот Иванов за учество на Зимските олимписки игри кои треба да се одржат во Сочи.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on