Добитниците на Оскар за најдобро филмско остварување во 2019-та во 24 категории ќе ги дознаеме идниот понеделник.
The countdown to the #Oscars is ON! ❤ this Tweet for a reminder to tune in LIVE on Sunday, Feb 9 on ABC. pic.twitter.com/eTFYOV2Gpz
— ABC (@ABCNetwork) January 24, 2020
Петчлената филмска екипа на „Медена земја“ и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова, ќе бидат меѓу холивудската елита во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на 92-то доделување на најпознатата филмска награда.
Оскаровската вечер, која ќе се одржи на 9 февруари (по наше време на 10 февруари од 2 часот), е најгледан настан што се пренесува во повеќе од 200 земји и територии во светот.
Во категоријата за најдобар документарец конкуренција на „Медена земја“ му се два филма за војната во Сирија, еден документарец за политичката криза во Бразил и еден за фабрика со работници Кинези и Американци во САД.
Британско-американската копродукција „За Сама“, кој во декември во Берлин ја доби наградата за најдобар документарец на Европската филмска академија, прикажува пет години од животот на Ваад ал-Катеаб за време на востанието во Алепо.
„Пештерата“ (The Cave) е, исто така, сведоштво за војната во Сирија.
Овој сириско-дански документарен филм на режисерот и продуцент Ферас Фајад ја прикажува лекарката Амани Балур во Гута која за време на граѓанската војна оперира во импровизирана болница во пештера.
Филмот се надоврзува на „Последните луѓе во Алепо“, претходниот филм на Фајад, според кого документарецот „треба да ги стави луѓето во непријатна позиција да ја согледаат ужасната реалност околу нас“.
„Американска фабрика“ во режија на Стивен Богнар и Џулија Рајхарт е документарец за кинеска компанија за производство на автостакла која работи во згаснатата фабрика на „Џенерал моторс“ во Морејн, Охајо.
Јужнокорејскиот хит „Паразит“ (Parasite) на режисерот Бон Џун-хо е номиниран за Оскар во шест категории.
#PARASITE makes history!
It's the first Korean feature to be nominated for an Academy Award – it received 6 noms including Best Picture.
Bong Joon Ho is the first Korean director to win Cannes' Palme d'Or & his cast is the first foreign cast to win SAG’s Best Ensemble award. pic.twitter.com/2zoTRQE88k
— The Academy (@TheAcademy) January 31, 2020
Инаку, документарните „За Сама“ и „Американска фабрика“ и играните „Паразит“ и „Болка и слава“ имаат и номинации за награди на Британската филмска академија (БАФТА) кои ќе бидат објавени денеска на церемонија во „Алберт хол“ во Лондон.
А додека ги очекуваме одлуките на Американската филмска академија за една седмица, нашиот наградуван документарец „Медена земја“ продолжува да се прикажува во кината низ земјава.
Откако на 13 јануари беа објавени двете номинации, понуден е и во обложувалниците заедно со конкурентските филмови.