ФИФА не ја прифати жалбата на Костарика за поништување на натпреварот со САД

Од:

Светската фудбалска асоцијација – ФИФА не ја прифати жалбата на Костарика која бараше, поради невреме да се поништи квалификацискиот натпревар против САД одигран во петокот.

Костарика во Денвер загуби со 1:0 во натпревар одигран во вистински зимски услови проследени со снежно невреме.

Објаснувањето на ФИФА за одбивањето на жалбата на Костарика е дека капитенот на репрезентацијата Брајан Руиз според прописите требал да се пожали кај главниот судија во текот на натпреварот и во присуство на домашниот капитен.

– Натпреварот САД – Костарика е регистриран со постигнатиот резултат, а жалбата на Костарика се одбива поради ненавременото реагирање од страната која се жали, стои во соопштението на ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ