Без стандарди и почитување на прописите не може да се биде дел од европскиот пазар

Од:

Мора да ги почитувате законските прописи и стандардите за да бидете дел од европскиот пазар.

Притоа, не е доволно да имате само квалитетно производство.

Сè што произведувате треба да биде класифицирано, фино спакувано и означено.

Потрошувачите сакаат да знаат што јадат, а институциите да бидат уверени во исправноста и безбеденоста на она што го нудите, вели во интервју за МИА Виера Баричичова од Министерството за земјоделство на Словачка.

Најважни се законските услови и како се справувате со нив. Тоа е најбитно.

Но, треба да ги покажете и вашите предности, да покажете дека сте подготвени, дека имате институциоанална рамка, организации кои се справуваат со контролата на квалитет, со безбедноста на храната.

Производителите кои извезуваат треба да ги класифицираат своите производи, но и да ги означат.

Информација за производот мора да има и таа треба да биде јасна.

Производите, би нагласила уште еднаш, мора да бидат класифицирани.

Исто толку важно е производителите да знаат и дека критериумите се високи и строги.

Ако еднаш ги прекршите правилата (регулативите), ќе ја изгубат довербата во вас, не само потрошувачите, туку и надлежните институции.

Ако надлежните видат дека пласирате нешто и притоа отстапувате од пропишаното, ќе мора да се потрудите многу.

Секоја земја има Агенција за безбедност на храна, а инспекторите се тие што вршат контроли.

Во оваа пригода би сакала да напоменам дека токму инспекторите треба повеќе да зборуваат со производителите, да ги едуцираат, да ги информираат.

Освен за безбедноста на храната, ова важи и за стандардите за квалитет.

Инспекторите всушност треба да прават вид промоција, а тоа значи, да укажуваат што треба производителите да користат и зошто тоа е важно

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски