Никола Младенов, новинар и сопственик на неделникот и на дневниот весник „Фокус“, загина во сообраќајна несреќа во близина на скопската населба Хиподром.
Возилото со кое се возел Никола Младенов се движело од кај аеродром Петровец кон Скопје, а сообраќајката се случила кај клучката во Хиподром.
На местото има видливи траги како возилото се спуштало во провалијата, искината е банкината, а во моментов истражен судија и јавен обвинител вршат увид и не дозволуваат пристрап на медиумите во радиус од 500 метри.
Возилото мерцедес е сеуште неколку десетина метри доле , и се очекува да биде извлечено со механизација. На местото има многу полиција, амбулантни возила.
Мецедесот бил лоциран денеска на пладне, најверојатно по мобилниот телефон, а по дојава на неговата фамилија дека не е вратен дома.