Барселона купи фудбалер за 7 милиони евра, излезната клаузула 300 милиони

Од:

Барселона потврди дека е постигнат договор со Палмеираш за Матеус Фернандеш.

Централниот играч за врска ќе се пресели на „Камп Ноу“ на 1 јули оваа година, според трансферот вреден седум милиони евра плус уште три милиони од евентуални бонуси.

Договорот ќе биде потпишан на пет години, а веќе е позната и сумата во откупната клаузула.

Ако некој клуб изрази желба за ангажман на Фернандеш, ќе мора да плати 300 милиони евра.

Тој досега постигна 11 гола во дресот на Палмеираш во кој пристигна од Ботафого.

Фудбалерот со славно презиме е централен играч за врска, а негови најголеми квалитети, како што појаснуваат Каталонците, лежат во дефанзива.

Го опишуваат и како дефанзивен играч за врска кој е веднаш пред одбраната, па можно е дека на „Камп Ноу“ во него гледаат наследник на Серхио Бускетс.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса