Заев: Одлуките за важни прашања се носат со намера државата да биде иста за сите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оценува дека сите процедури се уште не се завршени околу прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Според него се уште не се знае дали со прогласувањето ќе има проблеми на друга страна.

Постојат процедури согласно меѓународните стандарди за прогласување на национални паркови, сакаме да ги исполниме, кога се носиме од поривот за нешто добро како национален парк треба да знаеме какви права ускратуваме.

Како што е правото на пасење на добиток, како што е правото користење на природни ресурси. На крај со консензус да ја донесеме одлуката, овие се убави работи, колку повеќе го унапредиме и заштитиме така и да внимавме и реперкусиите.

Да видиме дали тоа значи можности за развој на Попова Шапка, дали се ограничува нешто, какви се перспективи има и на крај ќе има одлука, рече Заев.

На новинарско прашање зошто се дозволува градење хидроцентрали Заев со одговор дека Владата треба сите засегнати страни еднакво да ги третира.

Треба да се слуша гласот на граѓаните, дали за песок, дали за рудници, за хидроцентрали.

Светот гради секако хидроцентрали каде народот е задоволен, каде нема проблеми и не се нарушува флора и фауна. Не би биле одговорна Влада ако исполнувајќи права на една група наштетиме на право на друга.

Државата мора да биде мајка на сите, а не за некого маќеа, рече Заев.

На средбата со пензионерите во Тетово, Заев потсети дека се исполнува ветувањето за поголеми пензии.

Од понеделник ќе се исплаќаат зголемените пензии со над 700 денари, тоа ќе стане веднаш основица и годинава очекуваме да достигне до 900 денари кое што во последните 2,5 години да направиме пресек е покачување од 1734 денари.

Конечна цел е да паѓа потребата од интервенции во државниот буџет, со што и на нас помладите ќе ни се обезбеди сигурна иднина, да дочекаме пензија со здрав пензиски фонд, а не само стабилна пензија за сегашните пензионери, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска