(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Пратеничката група на СДСМ нема да отстапи од законот за јавно обвинителство

Од:

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ денеска уште еднаш повтори дека како пратеничка група нема да отстапат од законот за јавно обвинителство кој гарантира независен и ефикасен обвинителски систем. Калеска на прес-конференција во Собранието истакна дека секој што сторил криминал ќе биде казнет колку и на тоа да се противи ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ги уверува граѓаноите дека овој пат сме решение дека правда мора да има и ќе има. секој што сторил криминал ќе заврши во затвор колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ. Нека сватат еднаш засекогаш дека помина времето на брачниот пар Маневски, на судиите како Панчевски и Вангеловски. Таквите кадри ќе останат како црна дамка во судските архиви, рече Калеска Ванчева.

Според пратеничката, неможноста ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со независен и професионален судски систем повторно на површина го вади деструктивното делување на партијата.

-Едноставно стравот што го имаат челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ од затвор, свесно преку јавни закани го пренесуваат кон судиите, обвинителите и кон граѓаните. А крајната цел е позната-како да се ескивира законот за јавното обвинителство, истакна Калеска Ванчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите