ВИДЕО: Соседите со штици го блокираат станот на Кинез кој одбива да се тестира за вирусот

Од:

Празните улици и јавниот превоз, празните продавници, блокадите на патиштата и роботите кои им носат храна на пациентите кои се заразени, е сликата за големата паника која се шири по кинеските провинции откако коронавирусот започна да одзема човечки животи.

Според најновите податоци, од коронавирусот умреле 170 лица, а се проценува дека се заразени повеќе од 7.800.

Неработните денови се продолжуваат за да се спречи ширењето на опасниот вирус, а серијата мерки преземени од тамошните локални власти допринесе за ширење паника кај граѓаните.

Колку е голема паниката во Кина покажува случајот со неодговорен Кинез, кој одбиваше да го напушти својот стан и да биде тестиран за инфекција, што го вклучи алармот во една висококатница во Вухан.Соседите бесни поради неговата одлука, дојдоа со штици, чекани и клинци и ја затворија неговата врата од надворешна страна, а нему му го блокираа излезот од станот.

Властите донесоа одлука надлежните да не ги напуштат градовите заради брзото ширење на инфекцијата, па затоа ѕидаат блокови од цигли, и бетонски блокови, жици и разни огради на патиштата кои водат кон излезот од градот.

Покрај затворените патишта од објавените фотографии на “Твитер” може да се забележат и затрупани тунели со земја.

Има и такви кои се обидуваат да продолжат со дневните активности, но се со маски и заштитни одела.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговската војна на Трамп го достигна пикот, во сила се новите царини