Можно е Хамилтон од 2021 година да замине во „Ферари“

Од:

Како истекува договорот на „Мерцедес“ со Формула 1, така зачестуваат гласините дека Луис Хамилтон би можел да ги смени клупските бои и од 2021 година да седне во болидот на „Ферари“.

Британецот до крајот на оваа сезона е под договор со германскиот тим, кој, пак, меѓу другото ја разгледува и опцијата за напуштање на „октанскиот циркус“.

Тоа, според германските медиуми, било причина Хамилтон веќе да влезе во преговори со Ферари. Годишната плата на шесткратниот Ф1 шампион во Мерцедес е 50 милиони евра.

Мерцедес, според договорот, има загарантирано учество во Формула 1 шампионатот уште оваа година. Најавите од Германија се дека компанијата „Дајмлер“ на 12 февруари треба да реши дали ќе ја обнови соработката или ќе излезе од натпреварувањето.

Ако Мерцедес, сепак, одлучи да остане, проблем за Хамилтон би претставувало и многу веројатното заминување на Тото Волф на позицијата генерален директор на Ф1 наместо Чејс Кери.

Во меѓувреме е присутно и незадоволството во Ферари од резултатите на Себастијан Фетел, па тимот од Маранело е во план да гради шампионски тим од докажаниот Хамилтон и талентираниот Шарл Леклер.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес