Заев: Секое попречување на носењето на Законот за јавно обвинителство значи бегање од правдата и оддалечување од ЕУ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека секое попречување на носењето на Законот за јавно обвинителство значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија.

„Носењето на Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

По дводневната јавна расправа, Министерството за правда останува на ставот: опозицијата да не го предлага Републичкиот јавен обвинител, но прифаќа подобрување на постапката. Министерката Десковска најави уште еден обид за постигнување консензус, но тоа не може да значи прекинување на предметите на СЈО.Министерството за правда повторно ќе треба да се сретне со пратеничките групи заради усогласување на законот.

Дескоска на прес-конференција рече дека нема да дозволат да се блокира процесот на носење на законот и оти ќе се обидат да закажат средба со пратеничките групи во поширок формат. Таа изрази надеж дека ќе учествуваат и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

Во Собранието изминативе денови се одржа јавната расправа за законот за Јавното обвинителство, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар завчера порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното обвинителство ќе биде донесен пред да се распушти парламентот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев