СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со блокади и кочење продолжува да им нанесува штета на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една недела во Собранието го блокира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица, со што им нанесува директна штета на граѓаните.

Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што ги имаа граѓаните и законот што ќе стави крај на старите судски и извршни предмети, трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година“, велат од СДСМ.

„Наместо граѓаните да се ослободат од нивните долгови, поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ тие и понатаму ќе стравуваат како да се справат со каматите и долговите.

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни политики прави се за да ги блокира и законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за јавни претпријатија, законот за легализација на бесправно изградени објекти, законот за Академија за судии и јавни обвинители, законот за поништување на лустрацијата…

Граѓаните точно знаат кој работи за нивните интереси, а кој го штити криминалот и се грижи за личните и теснопартиските интереси.

Затоа на 12 април граѓаните масовно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ