Канада ќе евакуира околу 160 свои граѓани од кинескиот регион кој е епицентар на новиот коронавирус, изјави денеска канадскиот министер за надворешни работи Франсоа Филип Шампањ.
Тој ги повика Канаѓаните да избегнуваат да патуваат во Кина доколку не станува збор за неопходни патувања.
Шампањ рече дека земјата е во процес на добивање дипломатска дозвола за лет и не знае колку дена ќе бидат потребни за да се заврши евакуацијата.