Делегација за мониторинг на УНЕСКО во Охрид на средба со претставници на институциите и граѓанскиот сектор

Од:

Во Охрид попладнево зад затворени врати се одржува средба на Мониторигн-делегацијата на УНЕСКО со претставници на Владата и на Локалната самоуправа и на еколошки движења, невладини организации за заштита на животната средина.

Предвидено е на средбата да бидат презентирани реализираните активности во насока на исполнување на барањата на Реактивната комисија на УНЕСКО од 2017 година, како и извештајот за досега постигнатото по однос забелешките, меѓу кои прогласениот мораториум на легализациите на дивоградби, уривањето на дивоградбите во заштитеното подрачје, легислативата за спречување на понатамошна нелегална градба, како и донесениот План за управување со Охридскиот регион со Стратегиската оцена за влијанието врз животната средина за периодот 2019-2028 година.

Во агендата на мониторинг-мисијата на предвидено е делегацијата на УНЕСКО наредните денови да посети повеќе локации во градот и околината, со цел на лице место да се увери во состојбите, а ќе направи увид и во активностите во рамки на проектот за рехабилитација и санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро што е во тек.

Синоќа Владата го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО – Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Во документот се наведува дека во текот на извештајниот период е донесен Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и е спроведена и Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство.

Изработен е инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Охридскиот регион со што се остварени предусловите да се премине на изработка на Оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и Оценка на влијание на културното наследство (ХИА).

Дополнително, отпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

На вчерашната седница Владата донесе и заклучок со кој Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се задолжува да изврши надзор над изградбата на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и да провери дали градежните инспектори ги извршуваат своите обврски согласно Законот за градење.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион