Османи: Нема поважен бенчмарк за европските интеграции од фер изборен процес

Од:

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

„Имам исклучително позитивен впечаток од денешната посета на Државниот Завод за Ревизија – едно од позначајните независни тела и институции, чија работа претставува позитивен пример кој често го посочуваме кога ја презентираме државава во Брисел.

Главниот ревизор, Максим Ацевски и неговиот тим, изразија силна подготвеност и уверување дека од аспект на нивните надлежности, во целост се подготвени да одговорат на задачата во создавањето еднакви услови за политички натпревар на претстојните избори”, истакна Османи, посочувајќи на чувствителен момент во кој се одржуваат изборите, паралелно со процесот на одлучување на замијте – членки за евентуалниот почеток на преговорите.

„Пролетните самити практично почнуваат со самиот старт на кампањата за изборите, а шефовите на земјите – членки на 26 март ќе ја носат финалната одлука за старт на преговорите, кога кај нас ќе биде четвртиот ден на кампањата”- истакна Османи, посочувајќи на важноста и на самиот изборен процес.

За време на средбата Османи ги стави на располагање сите капацитети на Владата за било каква техничка, материјална или друг вид поддршка на Заводот за ревизија, со цел надминување на било какви предизвици во претстојниот период.

Денешната посета на Државниот завод за ревизија е дел од серијата на посети на Вицепремиерот Османи на институциите кои имаат соодветни законски надлежности во спроведувањето на изборниот процес, на која и претходеа посетите на Државната изборна комисија, на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел поддршка за нивната работа и утврдување на институционалната подготвеност на државата за одржување фер, слободни и компетитивни избори, како еден од клучните критериуми за напредок во европските интеграции.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Левица обвинува: Наместо одговорност, Клековски добил унапредување по ревизорските забелешки

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината