Избришана порнографската група на Телеграм

Од:

Повеќе не постои порнографската група на Телеграм во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од девојки од Македонија.

Избришани се сите членови, откако администраторот на групата самиот се пријави во полиција, а две девојки го пријавија случајот.

Пред да се пријави во полиција, администраторот разговараше со А1он за тоа дека целата група му излегла од контрола и намерата не му била да споделува порнографски материјали за малолетни девојчиња.

Жртва на Телеграм порнографијата: Сандачето ми е полно со машки полови органи и ме прашуваат колку треба да платат за секс

„А1он“ успеа да влезе во групата каде што се споделуваа интимни фотографии и порнографски видеа на малолетни и полнолетни девојки и каде над 7400 членови си разменуваа информации и препораки за девојките.

Членовите на групата бараа разголени фотографии од девојчиња, а бараа и фотографии од девојки со конкретни имиња и презимиња.

Би можело да ве интересира

Телеграм ја прилагоди својата политика за приватност за да сподели повеќе податоци со властите

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Шефот на Телеграм Дуров останува во притвор во Франција

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Железничката компанија ги моли патниците да престанат да гледаат порно додека се во воз