Сасоли: Итно е потребен нов поттик за проширувањето на ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за проширувањето на ЕУ кон регионот и одржување на ветувањата.

Претседателот на европскиот законодавен дом вчера ги покани претседателите на парламентите на шесте земји од Западен Балкан заедно со хрватскиот спикер, на средба на која е повторена заложбата на Европскиот парламент и на Европската унија за продолжување на процесот на проширување кон Западен Балкан.

Сасоли по средбата повтори дека регионот и ЕУ имаат “заедничка судбина“ и побара политичката волја да се претвори во дела.

-Во нашата заедничка декларација го повикуваме Европскиот Совет да продолжи да ја поддржува европската перспектива за Западен Балкан врз основа на исполнување на пристапните критериуми и да испрати недвосмислена и позитивна политичка порака за отворањето на претпристапните преговори и доделувањето кандидатски статус, итно е потребен нов поттик за процесот на проширување преку испорачување конкретни резултати, порача претседателот на Европскиот оарламент.

Сасоли очекува претстојниот мајски самит на лидерите во Загреб да одигра клучна улога во овој поглед.

Заедничката декларација на претседателите на парламентите дава поддршка за “обновениот пристап кон проширувањето“, кој треба да биде формулиран наредната недела во форма на извештај од Европската Комисија за новата методологија на пристапните преговори и политиката на проширување на ЕУ.

-Проширувањето е процес кој бара големи напори и посветеност од сите страни и парламентите се клучни во исполнувањето на реформската агенда на ЕУ, смета Сасоли.

Претседателите на парламентите нагласуваат дека собраниската работа игра клучна улога во зајакнувањето на парламентарната демократија и култура заснована врз градењето на консензус преку добронамерен, отворен, инклузивен и неконфронтациски дијалог.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки