Отстранет мигрантски камп во Париз, евакуирани 1.400 лица

Од:

Повеќе од 1.400 лица се евакуирани денеска од големиот камп за бегалци што се наоѓа на северозапад од Париз.

Големата акција почнала околу 6 часот утринава и во текот на неа евакуирани се 249 мигранти, меѓу кои имало и деца, како и 1.187 мажи, и сите се префрлени во спортски сали и 17 приватни центри, пишува парискиот весник „Паризиен“.

Меѓу евекуираните граѓани имало и околу 30-тина зависиници од дрога, кои се згрижени во соодветни установи.

Париските власти додаваат дека евакуираните се главно мигранти од Авганистан, од Блискиот Исток и од субсахарска Африка.

Регионалната здравствена агенција Ил де Франс во својот извештај од 24 јануари забележала присуство на туберколоза и паразитски болести, но и „мантално страдање“ и „ екстремна ранливост“ кај жителите на кампот, посебно кај жените и малолетниците.

Од друга страна, полицијата во својот извештај наведува дека во кампот во пораст биле нападите, кражбите, трговијата со дрога, агресивното однесување… Просторот, што се наоѓал во парискиот 19 округ е расчистен со помош на градежни машини.

Кампот во текот на минатата година нагло се зголеми, откако беше отстранет кампот Порте де ла Капел, што се наоѓаше во негова близина.

Би можело да ве интересира

Бездомничка во Париз принудила девојче да се истушира, ја силувала и ја убила

По терористичкиот напад во Париз уапсен е главниот осомничен, а приведени се уште 6 лица

А1он

Прв случај на Ковид-19 во бегалски камп во Грција

А1он

Моника Белучи во Париз со своето помладо момче

Ана Ололовска

Голем собир против антисемитизмот во Париз

Парискиот регион лани го посетиле 50 милиони туристи