Прв случај на Ковид-19 во бегалски камп во Грција

Од:

Жена кој престојува во организираниот бегалски камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евија е заразена со коронавирусот, со што ова е прв случај на Ковид-19 меѓу мигрантите и бегалците во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција информираат дека жената била тестирана веднаш откако се породила во атинска државна болница, а се чекаат резултатите од анализите на бебето.

Примерок за тестирање бил земен и од лице со кое живеела жената, а резултатот е негативен, додека пак претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги проверува контактите на заразената и ги презема неопходните мерки за заштита како на оние кои што се сместени во бегалскиот камп, така и на вработените.

Според грчките медиуми во карантин е медицинскиот персонал што за време на породувањето бил во контакт со жената.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе