Почетокот на седмата сезона на Моден Викенд Скопје – пролет/лето 2013

Од:

Новата сезона на Моден Викенд Скопје – пролет / лето 2013 ќе се одржи од 1 – ви до 14 – ти април. Програмата на седмото издание, кое е водено од мотото „Минато, сегашност, иднина – Секогаш е време за мода“, ќе биде исполнета со најразлични модни ревии и перформанси, изложби, проекти.

Во рамките на седмата сезона ќе се претстават: Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, Тања Кокев, VIBRAZIONI by Александра Митковкса, Роберт Ивановски, Елена Спасовска, Јована Филиповиќ, MCouture by Мила Кадриу, Hard to Explain и Mikka design (поддржани од Elise), Ирина Тошева (поддржана од www.bastetnoir.com), Стефанија Насеска (во соработка со AVON накит), Никола Петровски, Маја Кикириткова (поддржана од STOBI, www.bastetnoir.com ), Христина Деспотовска (поддржана од Franck coffee и Баргала), Лидија Георгиева, Сека Радончиќ, студенти од факултетот за моден дизајн на Европски Универзитет Р. Македонија, како и „Виба текс“, „Деа Споса“, „Дума“, „ЛеБранд“ (во соработка со AVON накит) и „Елена Лука“. По вторпат на најголемата модна манифестација во Скопје ќе се претстават и сестрите- дизајнерки од Србија, Тијана и Мила Поповиќ.

moden-vikend-26-mart

Оваа сезона „Моден Викенд Скопје“, покрај модните ревии и перформанси, организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, со кој ќе се долови процесот на создавање на колекции кои не познаваат граници. Една ретроспектива која ќе Ве врати назад во времето, ќе го поврзе тоа што било со тоа што се создава денес и ќе се погледне напред во тоа што не очекува понатаму. Проектот се реализира под медиумско покровителство на „ТЕА Модерна“.

Во рамките на конкурсот кој беше организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Модниот викенд Скопје (FWSK) на тема „ПОП! Мода“, на гала вечер во Амбасадата, своите модели ќе ги презентираат финалистите: Алмир Мили, Ана Камчева, Арта Шаќири и Мешите Лочи, Елена Додевска и Хана Миленковска, Елена Ивановски, Еми Норис, Гордана Вренцоска, Ивана Цветковска, Ксенија Котева, Марио Милосов, Марио Додовски, Орнела Јордановска и Виктор Цветановски, кој исто така ќе се претстави со својот моден перформанс во шоу-румот на Моден Викенд Скопје.

Програмата на „Моден Викенд Скопје“ оваа сезона е збогатена и со проектот “READY TO WEAR” SKOPJE CITY MALL – FASHION WEEKEND, кој претставува сосема поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на прослава на уличната мода. Настанот ќе се одржи на приземје во трговскиот центар, во коридорот помеѓу кафе баровите Play и Trend. Просторот ќе наликува на вистинска модна писта на која можност да ги претстават своите најнови модни колекции (мода за мажи, жени, деца, спорт, обувки, модни додатоци и долна облека), ќе имаат: ADL, Extreme Intimo, De Facto, Lamas, Suite Blanco, Spriengfield, Fashion ID (Diesel, Hugo Boss Orange, MCS), Fashion & Friends (Guess, Replay, Scotch&Soda, Desigual, Gaudi), Converse, Motivi, Migato, Arabesca, Stylos, Aftershock London, Office shoes, Ti sento, Sam 013, Mayoral, и Bebel toys.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски