Пендаровски: Очекувам С. Македонија да добие датум за почеток на преговори за време на хрватското претседателство

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на тркалезната маса насловена „Патот кон ЕУ и НАТО: Перспективи и предизвици“, организирана од Советот на амбасадори.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање преку амбасадорите на ЕУ изрази благодарност до земјите-членки на ЕУ што проширувањето остана на агендата на Унијата и изрази очекување дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори за време на хрватското претседателство и дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година.

Претседателот нагласи дека ефектите од одлуката за почеток на преговорите ќе имаат позитивно влијание врз политичките процеси, реформската агенда, резултатите кои треба да се испорачаат, како и генерално, врз оптимизмот во општеството. Оттука, порача Претседателот, важно за нашата држава е кога таа одлука ќе биде донесена.

Претседателот изрази очекување дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО се очекува да заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Претседателот порача дека е неопходно Република Северна Македонија да спроведе фер, слободни и демократски избори.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска