СДСМ: Оперативниот план за вработување за 2020 година опфаќа околу 11.500 лица

Од:

„СДСМ продолжува посветено да работи на намалување на невработеноста и отворање нови работни места.

Тоа се потврдува и преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава ќе опфати околу 11.500 невработени лица.

За негова реализација се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За 2,5 години преку реализација на оперативниот план се вработија речиси 60.000 лица, со што стапката на невработеност се намали за 5,5 отсто, на рекордно ниски 17,1 проценти.

Со оглед на тоа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси се покажа одржливо, во 2020 година очекуваме стартување на нови 1.364 микро бизниси, но и спроведување на обуки и доквалификации за невработените граѓани, со фокус на младите луѓе.

Мерките кои досега беа креирани и имплементирани даваат резултат, тоа го потврдува намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, која што изнесува 35,3% споредено со 2016 година кога изнесуваше 48,6%.

Оперативните мерки предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, а со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Значајна сума од средствата за 2020 година се издвојуваат за субвенционирање на плати, вработувања и раст на компаниите, за обуки во информатичката технологија и други видови обуки кај работодавачите.

СДСМ продолжува со силна поддршка за поголема вработеност на граѓаните, затоа што решавањето на ова прашање е во директен интерес на сите граѓани.

Реализацијата на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците, продолжува. За СДСМ секој граѓанин е важен!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он