(ВИДЕО) Николов: Старделова да се одлучи дали ќе биде претседател на Лекарска комора или ќе биде директор на ЈЗУ

Од:

„Три години, владата на СДСМ ги манипулира здравствените работници. Зоран Заев и Венко Филипче во овој период целосно го ставија под контролира лекарскиот еснаф и лекарската комора.

Министерот Филипче се занимава само со спроведување на физибилити студии и средување на тендери, а за тоа му се потребни здравствени работници кои ќе молчат и ќе бидат заробени.

Државната комисија за спречување на корупцијата пред повеќе од два месеци донесе одлука со која се утврди судир на интереси кај првиот човек на Лекарската комора на Македонија. Таа не може да биде во исто време претседател на ЛКМ и директор на ЈЗУ назначена од Зоран Заев“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред два месеци ДКСК побара од доктор Калина Старделова Гривчева, да се откаже од една од функциите и да одбере дали ќе биде претседател на ЛКМ, или пак ќе биде директор на јавна здравствена установа. Тоа требала да го стори во рок од 15 дена, но неа мува не ја лази.

Постапките се спротивни на моралните норми кои треба да ги има првиот човек на еснафот. Согласно член 66 став 1 од законот за спречување на корупција пак, правните акти што се резултат на судир на интереси се ништовни.

Со сето ова претседателката – директорка, создава море од правни проблеми.

Кај претседателката Старделова, очигледно е дека нема морални норми, не ги почитува ниту правните норми. Се поставува прашањето, вака ли ќе го брани достоинството на здравствените работници или пак му врши услуга на Зоран Заев и Венко Филипче во девастирањето на јавното здравство и јавните институции ?

Во исто време, се поставува прашањето, каде се институциите? Зошто никој не реагира на неспроведување на Одлуката на комисијата која е државна институција?! Кој ја штити директорката Старделова?

Оваа состојба говори само за еден факт – на владејачката гарнитура правото не и важно. Тие се на прав пат за да го згазат правото и на прав пат да го уништат јавното здравство.

Старделова треба веднаш да замине од една од функциите, да се одлучи дали ќе биде претседател на Лекарска комора, или ќе биде директор на ЈЗУ.

Почитувани, народот ја гледа целата оваа нефункционалност на здравствениот систем и нефункционалноста на правниот систем. И на 12-ти април ќе каже НЕ на оваа владејачка гарнитура предводена од СДС.

Правниот систем не смее да се користи за лични потреби и привилегии на поединци“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава