Повторно сите зборуваат за навивањето на Колинда во финалето: Донесе несреќа како и во фудбалот

Од:

Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар Китаровиќ уште еднашка предизвика внимание со своето жестоко навивање.

Овој пат таа беше на трибините на финалето на европскиот шампионат во ракомет, во кое Шпанија славеше против Хрватска.

На социјалните мрежи беа објавени многу фотографии на кои се гледа како се уште актуелната претседателка, со цело срце навива за хрватскиот тим.

Таа за хрватските медиуми изјави дека дошла на финалето, иако е настината.

– И понатаму останувам навивач на хрватската репрезентација и сите хрватски спортисти, кажа Колинда.

Претседателката подоцна им честиташе на ракометарите на сребрениот медал.

Инаку, Колинда предизвика големо внимание на Светското првенство во фудбал 2018-та, во Русија, кога Хрватска исто така играше во финалето.

Токму тоа го искористија твитерџиите и на Твитер искоментираа дека е можеби подобро Колинда повеќе да не ја следи хрватската репрезентација со оглед дека кога ќе се појави таа на натпревар освојуваат сребро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена се закануваше со бомби во зградата на Колинда, експретседателката на Хрватска не била дома

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Колинда сега и глуми претседателка, дебитираше како актерка во хрватска теленовела

Жарко Настоски

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Шпанија остана на тронот

Ана Ололовска

ЕХФ и официјално: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Хрватска и Шпанија за титулата

Ана Ололовска

Китаровиќ ќе работи на „брендирање на Хрватска“

Ана Ололовска