Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани во своето обраќање на телевизијата Фокс соопшти дека ќе докаже дека постои корупција во соработката на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден со Украина.
Како потпретседател, Бајден интервенирал во Украина за да побара разрешување на еден од обвинителите кој ја истражувал енергетската компанија што му исплатила на синот на Џо Бајден голема сума на пари.
За време на интервјуто, Џулијани кажа дека може да докаже дека постои корупција затоа што директорот на Burisma Holdings, енергетската компанија што била ангажирана од синот на Џо Бајден, го поткупила за тој во иднина да ја заштити.
Руди нагласи дека украинските извори кои споделиле информации со него се плашеле дека нормалните канали на известување се директно контролирани од службени лица лојални на Клинтон и дека тој немал друг избор освен да поведе сопствена истрага.
„Дали ќе ги соопштам сознанијата како што тоа го прават демократите и медиумите? Апсолутно не. Гонев премногу случаи на корупција за да седам мирно и да ја гледам мојата земја распродадена од потпретседателот Бајден“, додаде тој.
На својот твитер профил тој напиша: „Фирмата на фамилијата Бајден направи милиони продавајќи ја државната служба. Кога Џо беше човекот на Обама, тие заедно направија милиони“.
Everything I tried to tell the press last March is now coming out, and more. I will now start to reveal the evidence directly to you, the People. The Biden Family Enterprise made millions by selling public office. Then when Joe was Obama’s Point Man, they ALL made millions.
— Rudy W. Giuliani (@RudyGiuliani) January 23, 2020