Средба Спасовски-Мишел: Ја очекуваме новата методологија за проширување на ЕУ

Од:

Премиерот Оливер Спасовски го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот Стево Пендаровски.

На средбата Спасовски изрази благодарност за зголеменото внимание и отворените јавни изјави за поддршка за што поскоро отворање на пристапните преговори уште на почетокот од преземањето на мандатот на Претседателот на Европскиот Совет, Мишел, и изрази очекување дека датумот за старт ќе дојде бргу по усвојувањето на новата методологија за проширување, откако земјите членки на ЕУ ќе дадат согласност за усвојување за да се испочитуваат ветувањата дадени за Северна Македонија во изминатиот период, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Спасовски потенцираше дека за нашата земја тајмингот е од клучно значење, за да не се загрози реформската динамика која допрва треба да ја постигне својата кулминација, како и Преспанскиот договор во неговата важна имплементациска фаза во претстојниот период.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на средбата истакна дека неговата посета на нашата земја, во која пристигна од Тирана, има за цел да испрати силна порака дека иднината на Северна Македонија и на Албанија е во Европската Унија

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“