Вучиќ-Гренел: Србија и Косово ќе преговараат за железничка линија

Од:

Работни групи од двете држави в понеделник ќе заминат во Берлин за да разговараат со специјалниот пратеник Ричард Гренел за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина. Веста беше соопштена денеска по средбата на домаќинот, претседателот на Србија Александар Вучиќ со Гренел.

„Истото барање го пренесувам и овде, а тоа е она што е поврзано со кампањата за повлекување на признавањата, која мора да престане“, рече Гренел.

Вучиќ на ова одговори дека за него тоа не било исто оти косовските такси од сто отсто за српските производи биле воведени без причина. Гренел од Приштина побара да ги укинат таксите.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија