Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од кабинетот на Џафери за МИА информираат дека до 11 февруари се очекува протоколот да биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-земји членки кои досега го немаат направено тоа. Ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство.

На 12 февруари, пак, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието. Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски