ВИДЕО: Макрон ги избрка израелските полицајци од француската црква во Ерусалим

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги отстрани членовите на израелската полиција од црквата Света Ана во стариот дел на Ерусалим, која според меѓународни правила е француска територија.

На снимките од инцидентот се гледа видно лутиот Макрон кој повикува на усогласеност. „Сите ние ги знаеме правилата. Не ми се допаѓа тоа што го направивте пред мене. Излезете“, рече Макрон, но останува нејасно што предизвика неговата остра реакција.

На видеото се гледа како Макрон се обраќа на израелската полиција велејќи дека направиле одлична работа во градот, барајќи од нив да се придржуваат кон правилата што постојат со векови, па француските медиуми посочуваат дека влегувањето на израелските безбедносни службеници е причина за неговото незадоволство.

Сличен инцидент се случи во 1996 година кога тогашниот претседател на Франција Жак Ширак побара од припадниците на израелските безбедносни сили кои носат оружје да излезат од црквата Света Ана.

Макрон во Ерусалим учествува на Петтиот светски форум за холокаустот, што се одржува денес и утре.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите