Најмалку 32 лица се убиени денеска во напад на наводни крадци на стока во еден пограничен регион за кој спорат Судан и Јужен Судан, бидејќи е богат со нафта.
Покрај 32-та мртви, вклучувајќи и жени и деца, ранети се уште 24 лица, додека 15 се грабнати, меѓу кои има и деца, за француските медиуми изјави Коул Алор Куаол, главен администратор на регионот Абјеи. Тој додаде дека во текот на нападот биле запалени и 20 куќи.
Во 2011 година, Советот за безбедност на ООН распореди мировни сили во областа, по смртоносните судири раселени околу 100.000 луѓе.
Привремените сили за безбедност на Обединетите нации во Абеји (УНИСФА) се состојат во целост од етиопските трупи, со околу 4500 војници на земја.