Путин: на Русија и е потребна цврста претседателска власт

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, смета дека е неразумно да се експериментира со државното уредување во земјата и премиенот од претседателска кон парламентарна република.

Шефот на руската држава напомена дека во светот, а посебно во Европа преовладуваат парламентарните републики. „Дали е оваа примена можна кај нас?. Теоретски е можна. Далие тоа препорачливо или не? Секој си има свое мислење за тоа. Јас мислам дека не е“, истакнал Путин.

“За Русија со нејзината огромна територија, мултифункционалноста, големиот број нации, народи, народности кои живеат во земјата потребна е силна претседателска власт“, одговори Путин на прашањето што мисли за тоа Русија да премине на парламентарна република.

„За парламентарната република ефикасно да функционира, потребно е политичката структура одамна да е порасната. Во истата оваа Европа некои партии постојат со векови. А кај нас, по правило, партијата е поврзана со конкретен човек“, објанси претседателот.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година