САД ја повикаа Кина да се вклучи во преговорите за нуклеарно разоружување со Москва

Од:

САД на Конференцијата за разоружување ја повикаа Кина да се вклучи во тристраните преговори за нуклеарно разоружување со Москва, нарекувајќи ја тајноста на Пекинг во однос на неговите зголемени арсенали „сериозна закана за стратешката безбедност“.

Конференцијата за разоружување почна вчера во Женева, а годинава претседавач е Алжир.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата година изјави дека во разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин, на тема ограничување на нуклеарното оружје, укажал дека се надева во преговорите да се вклучи и Кина, за да се склучи сеопфатен договор меѓу трите најголеми нуклеарни сили во светот.

Пекинг засега одбива да учествува во такви преговори.

– Со оглед на тоа дека нуклеарниот арсенал на Кина во последните десет години се зголемил приближно два пати, сметам дека е време да се спроведат трилатерални преговори, изјави во Женева Роберт Вуд, американскиот претставник во преговорите за разоружување.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36