(ВИДЕО) Ѓорчев: Минатата година, 10.000 граѓани се иселиле само во Германија

Од:

Околу 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде дека ова е фрапантна бројка, ако се земе предвид дека граѓаните ја напуштиле државата и по други основи. Тој вели дека со иселувањето државата доживеала невиден егзодус при што освен во Германија, граѓаните заминувале и во Скандинавија, Америка и Австралија.

„Ова е невиден пораз на владините политики. Показател на политиките на пустошење, празнење на државата. Ова се податоци кои ги соопшти заменикот амбасадор на Германија Ото Граф. И оваа бројка од 10.000 заминати во Германија е загрижувачка. Од секој дел на државата се иселуваат и од Пелагонија и од Полог и од Скопје од сите националности. Ако се додаде на тоа дека има катастрофални капитални инвестиции, реално е напуштањето на младите од државата. Заев велеше дојде живот во Македонија, Скопје, Гостивар… Но, по се изгледа за граѓаните во овие 3 години дојде животот за нив во Германија, Америка, Скандинавија”, рече Ѓорчев.

Тој додава дека државата е во рецесија во однос на наталитетот при што, во 2019 година биле срушени рекордите во негативен природен прираст.

„Во 2016 година во првите 9 месеци имаме статистика од 17.400 родени деца. Во 2019 за истиот период се родени 14.600.Ова е огромен пад на наталитет, пад на животот за 16%.Ако на ова се додаде дека се помалку имаме ученици во основни и средни училишта, помалку студенти. Македонија доживува дефицит на животот“, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус