Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана во Општината, а нејзината куќа ќе добие нов кров.
Тој денеска ја посетил Атиџе, а меѓудругото ѝ ветил и дека нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.
„Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, ѕвездата од ‘Медена земја’. Среќна , насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров. По завршување на турнеите и земањето на оскарите , Атиџе ќе биде работно ангажирана во Општина Лозово. Исто така ветив, дека нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.