Над илјада амандмани за предлог законот за легализација на дивоградби

Од:

Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија не ја почна расправата по Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти или т.н. легализација на дивоградби, иако беше на дневен ред на денешната нејзина седница.

Од Комисијата информираат дека за овој Предлог закон, кој се предлага да се донесе во скратена постапка, се поднесени над 1.000 амандмани. Продолжението на седницата со оваа точка, како што информира претседателката на Комисијата, Лилјана Затуровска, ќе биде дополнително закажано.

Според Предлогот, за легализација на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври 2019 година ќе се плаќаат 100 проценти комуналии за објектот, како и казна во износ од 50 проценти од комуналиите, додека за бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по квадратен метар од изградена површина.

Ќе се легализираат дивоградби од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври.

Со законот ќе бидат опфатени бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа.

Предлог-законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и нивните доградби и надградби.

За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за легализација се плаќа по евро за квадратен метар.

Со актуелниот Закон за легализација на дивоградби кој е во сила, беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година.

Податоците на катастарот покажуваат дека досега се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет