СДСМ: Најранливите категории се изземаат од присилно извршување

Од:

„СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани.

Во таа насока се и измените во Законот за извршување усовоени од Собранието со кои покрај што се намалува делот за извршување, целосно се иззема извршувањето на најранливите категории на граѓани.

Целосно се изземаат од извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица“, се вели во соопштениео на СДСМ.

„Ова значи крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани, градиме фер и праведно општество.

Согласно измените на Законот за извршување, наместо досегашниот износ за извршување на 1/3 од примањата, сега тој се намалува на 1/5 од просечната плата или пензија .

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Се грижиме за сите граѓани. На прав пат сме!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он