Тепач и полнач на кутии стана ВД ректор на Државниот универзитет во Тетово , обвини опозициската ДПА.
„Универзитетот ќе го управува доктор по боречки вештини, борач во слободен стил или пеливан и поранешен пратеник на ДУИ“, изјави Беким Фазлиу од ДПА.
Вулнет Амети е назначен за вршител на должноста ВД ректор на Државниот универзитет во Тетово. Сенатот на универзитетот го поставил на функцијата откако ја прифатил оставката на досегашниот ректор Агрон Река, поднесена поради здравствени проблеми.
Според законот новиот ректор треба да се избере најдоцна за шест месеци.