Атиџе, главната хероина на „Медена земја“ се уште е во селото Бекирлија, на југозападниот дел на Овче поле. Таа за „А1он“ оттаму ја запеа песната за која вели дека сака да ја испее и на доделувањето на Оскарите.
Убедена е дека филмот ќе добие Оскар, тоа вели го чувствува во воздухот.
Очекува да ја повикаат и таа да отпатува за Америка.
За животот по „Медена земја“, за односот со нејзината мајка, за нејзините сништа. Што добила, што изгубила, што се променило во нејзиниот живот. Меѓу Македонија и Америка, вели, секогаш ќе ја избере Македонија. Цела приказна за Атиџе на „А1он“ во понеделник, во 12 часот.