Средба Ердоган – Путин: Да се обезбеди мир и спокојство во Либија

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија што се одржува во Берлин, се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин.

Ердоган се обрати во делот на состанокот кој беше отворен за медиумите и рече дека мултидимензионалната соработка меѓу двете земји дава значаен придонес, што се однесува до решавањето на проблемите во регионот.

„Нашите заеднички напори на терен обезбедија пропорционално спокојство, но главните резултати од нашите напори ќе ги добиеме со состаноците на Самитот во Берлин. Свесни сме за одговорноста која ја презедовме во врска со примирјето, и за напорите кои ги вложувате. Вложивме голем напор за да го убедиме господинот Сераџ, и упатувам благодарност што прифати и го исполни тоа што следуваше на Самитот во Москва“, рече Ердоган, додавајќи дека Владата на национално единство го потпишала Договорот за примирје.

„Хафтар кој не го потпиша текстот, уште еднаш покажа дека не е за политичко, туку за воено решение. На Самитот во Берлин треба да се обезбеди примирје и враќање на политичкиот процес, со цел да се обезбеди мир и спокојство во Либија. Исто така, треба да се стави крај на агресивниот став на Хафтар за да може да се спроведе политичкиот процес и другите фази на решението“, истакна тој.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така се надева дека дијалогот за Либија ќе продолжи и оти конфликтот во земјата ќе биде решен.

„Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Во Берлин денеска се собраа клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се спречи мешањето на странски воени сили, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига на самит во германскиот главен град.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникации при турското претседателство Фахретин Алтун, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан, специјалниот претставник на Турција за Либија Емрулах Ишлер, кој воедно е и пратеник на АК Партијата од Анкара, како и портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Путин: Целосно ќе го расчистиме Курскиот регион

А1он

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Путин: Се надевам дека Западот ме слушна

А1он