(ВИДЕО) Мицкоски: Најголем проблем е замрзнатиот партиски имот, предложениот закон ги штити криминалите на СДСМ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид порача дека предлогот за закон за јавно обвинителство е неприфатлив за нив, и доколку СДСМ сака лидерска средба и договор тогаш треба според него, да се понуди реформски закон.

-Законот за јавно обвинителство многу пати во минатото беше коментиран. Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Често пати во јавноста сме ги кажувале нашите ставови и тука нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција после 12 април. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина ниту имам намера да го губам времето на граѓаните, рече Мицкоски.

Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба. Ќе ве потсетам што му претходеше насоки од страна на личниот адвокат на господинот Заев врз државниот јавен обвинител, потоа едно контроверзно писмо од страна на притвореничката Јанева со која што сите предмети кои што се во судски процедури но, и оние кои што се во предистрага и истрага на криминален и незаконски начин се префрлија во судовите и она што за нас како ВМРО ДПМНЕ е најголем проблем еве веќе втора година по ред е тоа што на нелегален, незаконски начин е замрзнат имотот на партијата на 85 дена пред предвремените парламентарни избори, рече тој.

И покрај целокупната злоупотреба со државните средства, со буџетот, вештачките вработувања по три вработувања партиски на едно работно место, ВМРО ДПМНЕ влегува во овие парламентарни избори со замрзнат имот. Но, ние веруваме во мудроста на народот, веруваме во народот тоа е она кое што нас не мотивира и јас сум убеден дека и покрај сите предизвици, и покрај сето ова насилие кое што го прави Владата, и покрај сите опструкции на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе издвојува убедливо најголема историска победа на 12-ти април.

Така што, доколку сакаат да разговараат уште еднаш за Законот за Јавно обвинителство, тогаш најпрвин треба изготват реформски закон, закон кој што е вистински, европски закон. Да ги доближат ставовите групите кои што преговараат, па дури потоа може да зборуваме за евентуална лидерска средба, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски