Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го отвори хуманитарниот базар организиран од Социјалдемократски сојуз на Македонија.
-Навистина честа е голема заради тоа што ја користиме приликата секогаш да ги покажеме нашите Социјалдемократски вредности. Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни Социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување , работење и функционирање како политички субјект во нашата земја, рече Заев.
-Со овој настан денеска овозможуваме преку нашите донации, преку солидарно донирање да им помогнеме на бездомните семејства кој што се сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово, но и до сите наши сограѓани кои што се обратиле за помош до сите нас. Јас верувам дека ваквите Социјалдемократски вредности навистина испраќаат ја пораката на хуманост, солидарност, меѓусебно поддржување и почитување до сите граѓани во нашата земја. Во овој период, период на празници навистина треба да го отвориме срцето, да подадеме рака и меѓусебно да си помогнеме.
Денеска има овде доста носители на јавни функции кој што институционално се вградени за нашата солидарност како општество ,за нашата хуманост и нашето помагање. Денеска имаме можност и со индивидуален чин како личен гест да направиме исчекор во меѓусебното помагање и почитување за оние на кои што им е потребна помош.
Сакам да испратам порака до сите, овде на овие штандови преку купување на пијалок, преку купување на производите кои што се нудат но и преку донирање во кутиите кои што постојат или купување на некој од реквизитите дека директно ги помагаме овие наши сограѓани на кои што верувајте навистина им треба помош. И ве повикувам сите да продолжиме во духот на солидарноста и хуманоста како главни Социјалдемократски вредности заедно сите да градиме фер, праведно, едно и еднакво општество за сите, рече Заев.