Конгресот побара од Помпео да сведочи за убиството на Сулејмани

Од:

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал.

Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари.

– Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.

Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.
Вашингтон, 18 јануари 2020 (МИА) – Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал.

Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари.

– Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.

Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.

Би можело да ве интересира

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција

Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина