Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Советот за граѓански надзор

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на Советот за граѓански надзор.

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за моменталната состојба, предизвиците и проблемите во работењето на Советот, чиешто функционирање е особено значајно во предизборниот период, како единствен орган кој може да врши контрола на законитоста на спроведување над мерките за следење на комуникациите.

Членовите на Советот изразија загриженост поради нефункционалноста на ова тело, која, како што рекоа, произлегува од несоодветното спроведување на Законот за следење на комуникациите, којшто беше донесен со консензус меѓу политичките партии. Соговорниците потенцираа дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија треба да овозможат непречено практично, а не само декларативно функционирање на Советот за граѓански надзор во безбедносниот сектор. Тие нагласија дека нивната задача е да ги проверуваат сомнежите на граѓаните, да советуваат и алармираат, а токму реформите во овој сектор се еден од условите за нашите евроатлантски интеграции.

Претседателот Пендаровски посочи дека безбедносниот сектор е еден од основните предуслови за политичка и економска стабилност на секоја правна држава. Оттаму, рече тој, сите надлежни институции треба да бидат максимално посветени во реформските процеси, вклучувајќи го и овозможувањето на целосна функционалност на Советот за граѓански надзор, како еден од механизмите во обезбедувањето на општите но и индивидуалните сигурност, приватност, права и слободи на секој граѓанин.

На средбата присуствуваа претседателката на Советот, Маргарита Цаца Николовска и членовите Ице Илијевски, Гордан Калајџиев, Дијана Тоска, Арјета Цека Жаку и Марија Златанова-Коцева.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска