Премиерката на Словенија, Аленка Братушек (43) тврди дека благодарение на нејзиниот политички компромис, за многу кратко време ја состави владата, наспроти нејзиниот поранешен политички шеф, Зоран Јанковиќ кој немаше или не сакаше да има.
Градоначалникот на Љубљана, Јанковиќ во среда поднесе писмена оставка од функцијата претседател на партијата „Позитивна Словенија“, истиот ден кога се изгласа владата на премиерката Братушек.
Функцијата на Јанковиќ веќе два и пол месеца е замрзната поради обвинението за корупција, непријавени 210.000 евра, па затоа на чело на партијата, барем формално го застана Братушек.
Елена Георгиевска