Медведев останува на чело на „Единствена Русија“

Од:

Дмитриј Медведев, како заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ќе остане на чело на владеачката партија „Единствена Русија“, која ја водеше и додека беше на функцијата руски премиер, изјави денеска секретарот на Генералниот совет на партијата, Андреј Турчак.

По состанокот на пратеничката група на „Единствена Русија“, а пред денешното заседание на Државната Дума , тој кажа дека не постојат правни пречки заменик претседателот на Советот за безбедност истовремено да ја извршува и функцијата лидер на партијата.

Според партиски извор кој присуствувал на седницата на пратеничката група, идниот премиер Михаил Мишустин на пратениицте им пренел поздрави од Медведев, пренесе Тасс.

-Медведев нагласи дека има добра соработка со пратеничката група и дека се надева дека таа работа ќе продлжи и во рамки на партијата, ги пренесе неиуменуваниот извор зборовите на Мишустин.

Државната Дума денеска ќе оддржи пленарна седница на која ќе го разгледа предлогот на претседателот Владимир Путин првиот човек на Федералната даночна служба Михаил Мишустин да биде избран за нов руски премиер.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски